Шкендија се сели во Струга!

6045

Навистина болна елиминација од Европа и се случи синоќа на Шкендија. Во шест меча ниту еден пораз во Европа, и на пенали да биде елиминирана, јасно е дека сето тоа шокантно делуваше врз сите во редовите на Шкендија.

АИК имаше повеќе среќа и се пласира во плеј – офот во Лигата на Конференции.

Па така сега четата на стратегот Артим Шаќири ќе мора полека, но сигурно да се врти кон домашните обврски.

А тетовци во недела, во рамките на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ, како домаќини играат против Силекс. Мечот се игра во Струга, а во среда, исто така во Струга, Шкендија против Скопје ќе го одигра заостанатиот меч од 1.коло. Кога поради евро обврските на тетовци овој натпревар беше одложен.

Значи Шкендија се сели во Струга во наредните денови и тоа поради фактот дека овој клуб во новата сезона влезе со суспензија на теренот во Тетово поради оние немили сцени кои се случуваа на последното дерби со Шкупи од минатата сезона на стадионот во градот под Шара.

ПретходноРогановиќ се врати во Вардар
СледноПелитсер со пофали со новите дресови!