Ѓоковиќ и официјално пропушта уште еден Мастерс!

354

Новак Ѓоковиќ и официјално се откажа од настап на АТП турнирот во Синсинати, кој е закажан од 13 до 21 август. Овој Мастерс турнир традиционално е завршна подготовка за тенискиот грен слем УС Опен.

Ѓоковиќ го пропушта овој Мастерс бидејќи не е вакциниран, па не може да влезе во САД.

Ова е четврти Мастерс сезонава што Новак ќе го пропушти, а претходните три беа во Индијан Велс, Мајами и Монтреал. Покрај тоа, тој не можеше да настапи ниту на Австралија опен, бидејќи беше депортиран од Мелбурн.

Србинот во својата кариера двапати ја освои титулата во Синсинати, а уште пет пати беше во финалето.

Утеха за Новак е што нема да загуби ниту еден АТП бод, бидејќи лани не учествуваше ниту во Синсинати.

Сега прашање е дали Новак ќе може да игра на УС Опен, кој е на програмата од 29 август до 11 септември.

ПретходноЧурлинов за пет милиони евра во Барнли!
СледноЧурлиновска се пресели во Куманово!