До денеска се чинеше, според сите најави, дека Новак Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен, последниот Грен слем турнир во сезоната. Сепак, се случи пресврт, дава надеж дека српскиот тенисер ќе може да влезе во САД.
Имено, ЦДЦ, телото кое управува со здравствените мерки во Соединетите Американски Држави, најави укинување на многу ограничувања поврзани со коронавирусот. Најголемата промена треба да биде што од денеска и оние кои не се вакцинирани и оние што се ќе бидат исто третирани.
ЦДЦ допрва треба официјално да ги ажурира своите упатства за патување и влез за странски државјани, но таа одлука е во фаза на разгледување и се очекува да биде во согласност со најновите упатства и промени што се однесуваат на граѓаните на САД.
The CDC has now decided that:
-those exposed to COVID no longer have to quarantine
-students can stay in class after exposure to COVID
-no need to give a COVID test to those without COVID symptoms
-unvaccinated people and vaccinated people have the same rules & guidelines
🤔
— Dr. David Samadi (@drdavidsamadi) August 12, 2022
Ѓоковиќ ќе има можност да игра на УС Опен, бидејќи во случај на позитивна одлука, би можел да влезе во САД без вакцинација и неговото учество на турнирот во Њујорк тогаш ќе зависи од одлуката на организаторите, пишува Еуроспорт. УС Опен започнува на 29 август, а Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон и на тој начин стигна до 21. Грен слем титула во кариерата.