Првиот човек на ФИФА со телеграма со сочувство за смртта на Кирил Дојчиновски

178

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино упати телеграма со сочувство за смртта на еден од најголемите македонски фудбалери во нашата историја, големиот Кирил Дојчиновски.

Во телеграмата до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и целото македонско фудбалско семејство, првиот човек на светскиот фудбал изразува длабоко сочувство до семејството, истакнувајќи дека Кирил Дојчиновски е вистинска легенда на југословенскиот фудбал и еден од најголемите во неговата генерација.

Ќе ни недостасува неговата фудбалска големина, лидерството, но уште повеќе човечката и хуманата величина на Кирил Дојчиновски.

ПретходноФИФА ја изгласа промената: Светското првенство, сепак, почнува ден порано
СледноИХФ му честита на Мукаетов за успешната организација на јуниорскиот Мундијал