Реал (М) го оштети пехарот од Лигата на шампионите (ФОТО)

398

Оние кои го гледаа мечот од УЕФА Суперкупот во средата, веројатно на почетокот забележаа еден интересен детаљ. Имено, на самиот почеток на мечот додека фудбалерите излегуваа на Олимпискиот стадион во Хелсинки, тимовите на Реал (М) и Ајнтрахт (Ф) беа преставени со двата освоени пехари. Трофејот во Лигата на шампионите кој на теренот го донесе Карим Бензема, и оној од Лигата на Европа кој го постави капитенот на германскиот тим. Во фокусот на камерите сепак остана „пехарот со уши“ како што го нарекуваат трофејот наменет за европскиот шампион кој го донесе Бензема, кој откако беше поставен на теренот имаше воочливо оштетување.

Прашањето кое сите си го поставија е: Што се случило со пехарот кој неколку месеци е во рацете на „кралевите“?!

Во моментов никој официјално не се изјаснил, но има неколку хипотези. Трофејот можеби е оштетен при транспортот до Хелсинки, но можеби е оштетен и за време на прославата во Мадрид во мај.

Интересно е што ова не им е првпат на „кралевите“. Вакво нешто им се случи и во 2011 година кога Серхио Рамос целосно го уништи трофејот во „Копа дел Реј“ за време на прославата во Мадрид. По успехот на Реал во финалето против Барселона, прославите беа толку луди што пехарот заврши под тркалата на автобусот што ги превезуваше играчите и беше целосно уништен.

ПретходноБензема или некој друг!? УЕФА ги објави финалистите за “Фудбалер на годината“!
СледноРогановиќ се врати во Вардар