„Резервистите“ му донесоа победа на Дортмунд во Фрајбург (видео)

166

Борусија Дортмунд стигна до трите бода на гостувањето кај Фрајбург што е нивен прв триумф на овој стадион после два едноподруго порази. „Милионерите“ стигнаа до победа после пресврт во последните 15-тина минути од мечот.

Инаку натпреварот е од 2. коло на Бундес лигата, а фудбалерите на Фрајбург го отворија резултатот со голот на Грегориш во 35 минута.
Тој резултат стоеше на семафорот се до 77 минута кога започна гол шоуто на фудбалерите од Дортмунд. Прво по шутот од далечина на Биноа-Гитенс, голманот на Фрајбург Флекен ја испушти топката од раце и таа заврши во голот за 1:1. Седум минути подоцна пресврт. Мукоко погоди за водство на Дортмунд од 2:1, а по него стрелаше и Мариус Вулф за конечни 3:1 што е втора победа за „милионерите“ во новата сезона.

Интересно сите три гола ги постигнаа фудбалери кои влегоа на почетокот на второто полувреме
Фрајбург го доживеа првиот пораз.

ПретходноТинекс Пролет загуби од Базел на првиот контролен меч во Врање
СледноОсасуна ја порази Севиља на отворањето на новата сезона во Ла Лига (видео)