Стартува ЕП во Скопје: Кадетите отвараат против Црна Гора (ЛИНК)

220

Македонската машка кадетска репрезентација денеска (18:45 часот) го игра првиот меч на Европското првенство У16 А Дивизија чиј домаќин е Скопје. Нашите кошаркари на стартот ќе ги одмерат силите со селекцијата на Црна Гора, дуелот се игра во СЦ „Кале“.

Од таборот на „црвено-жолтите“ ќе имаат голема поддршка од трибините на патот кон што подобар успех во ова елитно натпреварување. Покрај Црна Гора противници на кадетите во групната фаза се Шпанија и Грција.

Според системот на натпреварување сите четири тима по завршување на првата фаза ќе се пласираат во осминафиналето, по што следат елининациите и целосната слика која репрезентација за кое место ќе игра.

ПретходноПелитсер со пофали со новите дресови!
СледноПресврт: Милошевиќ сепак нема да биде тренер на Партизан!