Каталонците завршија работа, Столе Димитриевски на голем тест!

7769

Барселона вечерва ја отвора новата сезона во Ла Лига со меч против Рајо Ваљекано. Каталонскиот гигант успеа да ги регистрираа сите нови играчи освен Жил Кунде.

Раководството на клубот нема право да го регистрира стоперот затоа што не можат да го оправдаат неговото внесување освен ако не продадат некого или некој не се согласи со намалување на платата. Пријавени се Левандовски, Кристенсен, Кесие и Рафиња. Ова значи дека сите овие фудбалери ќе бидат во комбинација за настап против тимот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој е пријавен како стартер за оваа средба, па ќе има тешка задача.

Кунде се очекува да биде пријавен следната недела, тој поради недоволна физичка подготвеност нема предност во однос на останатите фудбалери.

ПретходноПиоли: Се уште не сме го достигнале највисокото ниво
СледноВејн Руни не успеал да го убеди Барди да дојде кај него!