Фантастична партија на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој правеше чуда на голот на Рајо Ваљекано и е најзаслужниот што Барселона не успеа да ја почне новата сезона во Ла Лига со триумф.
Рајо и Димитриевски оддолеаја на сите напади на Каталонците и на крајот заслужија реми – 0:0 на „Камп Ноу“. Барса предводена од Чави мечот го почна со дел од големите засилувања како Левандовски, Рафиља и Кристенсен, но иако имаа неколку одлични шанси, до крајот не успеаја да ја погодат мрежата на нашиот голман.
За Рајо ова е извонреден почеток на новата сезона во која ќе биде тврд орев за сите противници. Димитриевски по мечот е прогласен за најкорисен фудбалер.