Прв пораз на ЕП: Грција пресилна, ја победи Македонија со 30 разлика!

228

Македонската кадетска репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Скопје. По триумфот над Црна Гора, избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ одиграа катастрофален меч против Грција, беа совладани со убедливи 48-78.

Ниту еден кошаркар не успеа да ја мине границата од десет поени, статистички бевме лоши во реализација на слободни фрлања, имавме 14/27, но и дури 30 загубени топки.

Лошата игра во првата четвртина во која Македонија постигна осум поени беше пресудна за крајниот исход. Грција овој период го доби со 8-25. Во продолжение противникот за брзо време дојде на плус 26 (16-42). На одморот беше 22-42.

Третата четвртина беше тешка за гледање, двете репрезентација одиграа лошо, до средината паднаа мал број на поени, овој период сепак и припадна на Грција со 12-17. Последниот период беше чиста формалност, противникот не дозволи изненадување.

Шанса за победа, кадетите ќе имаа веќе утре против Шпанија, дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот, исто во СЦ „Кале“.

ПретходноПријателски: Арсими го „торпедираше“ Тетекс, Вардар повторно одигра меч без голови
СледноСедуммина се извинуваа, Де Хеа ја презеде вината, а почнаа и обложувања за отказ на Тен Хаг