Романецот Поповичи го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно!

437

Младиот романски пливач, Давид Поповичи, кој за еден месец ќе наполни само 18 години, постави нов светски рекорд на 100 метри слободно, во финалето на европското првество во Рим. Тој го собори 13 години стариот рекорд на Бразилецот Цезар Сиел Фиљо, интересно, постигнат во истиот базен во „Форо Италик“.

Фантастичниот Поповичи постигна резултат од 46,86 секунди, соборувајќи го претходниот светски рекорд поставен од Сиело во специјален костим за капење кој подоцна беше забранет. Среброто го освои Унгарецот Кристоф Милак со 47,47, а бронзата Италијанецот Алесандро Миреси со 47,63. Поповичи во јуни ги освои и светските шампионски титули на 100 и 200 метри слободно.

ПретходноШкупи го израдува Седлоски на неговиот јубилеј со триумф во “Суперкупот“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноОд очај во очај: Манчестер Ј. понижен заминува и од Брентфорд (ВИДЕО)