Анчелоти: После Реал одам во пензија

192

Искусниот и трофеен стратег Карло Анчелоти изјави дека при крај на тренерската кариера. Тој го предводи Реал Мадрид и неодамна го освои УЕФА Суперкупот и изјави дека „кралскиот клуб“ ќе му биде последен во кариерата и дека после тоа заминува во заслужена пензија.

По Реал Мадрид одам во пензија. Ова поглавие ќе ја заврши мојата кариера како тренер. Реал е топ  клуб, па логишно е да размислувам во овој клуб да ја завршам кариерата“, изави Анчелоти.

Италијанецот со Реал два пати беше европски шампион, два пати го освои УЕФА Суперкупот, еднаш СП за клубови, по еднаш Ла Лига и Копа дел Реј.

Претходно работеше во Евертон, ПСЖ, Челзи, Јувентус, Милан…

ПретходноЛука Пелегрини го замени Јувентус со Ајнтрахт
СледноУжасни вести за Шкендија: Тетовци поради теренот цела есен нема да играат на „Еколог Арена“!!!