Астон Вила со прва победа, Евертон го впиша вториот пораз (видео)

100

Екипата на Астон Вила ја забележа првата победа во новата сезона откако со 2:1 го совлада Евертон во 2. коло. Мечот тргна со гол на Гордон кој беше поништен поради офсајд, но во 31. минута Дани Ингс ја доведе Астон Вила во предност.

Во 86 минута Буендија зголеми на 2:0, а седум минути подоцна Дињ со автогол ги постави конечните 2:1.

Евертон го доживеа вториот пораз.

Денеска играат: Арсенал-Лестер, Брајтон-Њукасл, Ман.Сити-Борнмут, Саутемптон-Лидс, Вулверхемптон-Фулам, Брентфорд – Ман.Јунајтед, а во недела Нотингем-Вест Хем и Челзи-Тотенхем.

Во понеделник е мечот меѓу Ливерпул и Кристал Палас.

ПретходноГвардиола збесна: Ниту живеам, ниту спијам со Халанд…
СледноПотпиша договор вреден 340 милиони долари па падна на допинг тест