„Македонското дерби“ во рамките на најголемото хрватско дерби им припадна на Адеми и Ристовски и шампионот Динамо (З). На „Максимир“ вечерва, Динамо (З) со голем пресврт во второто полувреме успеа да слави со 4:1 над лутиот ривал Хајдук, кој првото полувреме го заврши со предност од 1:0.
Со еден маестрален погодок во судиското надополнување од првиот дел Јани Атанасов го донесе во водство гостинскиот состав од 1:0, но во вториот дел Динамо (З) притисна, и во кусо време со два гола направи целосен пресврт. Најпрво батурина во 61. минута израмни на 1:1, а само три минути подоцна нашиот Аријан Адеми со глава беше прецизен за пресврт и водство на домашните од 2:1.
Гојак и Оршиќ во последните 5-6 минути од мечот уште двапати ја погодија мрежата на Хајдук за конечни 4:1.
За Динамо (З) Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути, додека Адеми излезе во 76. минута. Кај Хајдук Јани Атанасов остана во игра до 60. минута.