Бесарт Ибраими: Сакам да бидам прв стрелец сезонава во ПМФЛ, Струга ТЛ има одличен тим!

268

Она што и се очекуваше, се најавуваше, тоа и се оствари. Уште на стартот на езоната во ПМФЛ, Бесарт Ибраими постигна два гола за Струга ТЛ и беше главниот виновник за победата од 3:0 над Победа.

Тој уште на стартот ја истакна кандидатурата за прв “бомбардер“ во оваа сезона. Со тие два гола сега Бесарт има 169 голови во ПМФЛ и натаму суверено го држи епитетот најдобар стрелец во историјата на нашата елитна лига.

Не кријам, еве искрено да кажам за вашиот медиум дека сакам и по петти пат да бидам прв стрелец во нашата Прва лига. Јас сум напаѓач, сакам да ги тресам противничките мрежи, уживам во головите и покрај сето мое искуство. Секој напаѓач кога ќе го прашате ќе ви каже дека е најсреќен кога ќе дава голови. Сепак приоритет се резултатите на Струга ТЛ. Бадијала моите голови ако мојот тим не победува. Нека биде во иднина како што беше на мечот со Победа, и јас да давам голови и Струга ТЛ да победува“ вели Бесарт Ибраими за “Спортмедиа“.

May be an image of 4 people, people playing sports and grass

Инаку тој не крие дека е позитивно изненаден од квалитетите од Струга ТЛ.

Овој мој заклучок не е само од првиот меч. Јас уште на подготовките видов дека Струга ТЛ е одличен тим. Се разбира дека има уште многу работа, но важно е тоа дека од ден на ден ние напредуваме. Одлична атмосфера владее, и воопшто не се каам што дојдов во Струга ТЛ. Амбициите се високи, клубот смета, а и сите ние, дека можеме да се бориме за горниот дел на табелата, би сакал на крајот тоа и да се оствари“.

Утре во меч од 2.коло во ПМФЛ, Бесарт и неговите соиграчи ги чека тешко гостување, и тоа во Штип кај разиграната Брегалница.

Да, апсолутно одиме на гости кај екипа која важи за една од најдобрите во Лигата. Впрочем тоа го покажа и во Струмица минатата недела кога ја победи А. Пандев со 1:2. Штип е фудбалски град, таму е уживање да се игра, секогаш има голема посета. Според мене ова е дерби на колото. Ние одиме таму да се надигруваме, да покажеме што знаеме. Ќе решаваат нијанси, нека биде тоа фудбалско уживање за фановите а кој ќе биде подобар тој и нема победи, се надевам дека тоа ќе бидеме ние“ заврши Ибраими.

ПретходноМакедонецот е чудо: Миовски повторно „стрела“ за Абердин! (ВИДЕО)
СледноВернер со “бомба“ од 30 метри за супер – гол, сепак Лајпциг не победи! (ВИДЕО)