Тимо Вернер на најубав начин покажа дека е класа фудбалер. На својот прв меч во дресот на Лајпциг по враќањето од Челзи постигна гол од околу 30 метри. Испрати „бомба“ која голманот на Келн едноставно не можеше да ја скроти. Сепак ова не беше доволно неговиот тим да победи, мечот заврши со резултат 2:2.
Стрелци на головите беа Вернер и Нкунку, додека за гостите головите ги постигнаа Диц и автогол на Гвардиол.
На останатите мечеви попладне во 2.коло во Бундеслигата, Леверкузен дома загуби од Аугсбург со 1:2. За домшните погоди Арангуиз, додека за гостите стрелци беа Јенсен и Хан.
Херта и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1:1. Голот за домашните го постигна Сердар, а за гостинскиот тим Камада.
Хофенхајм славеше со 3:2 против Бохум. Баумгартнер, Кабак и Дабур стрелаа за домашните, додека за поразениот тим стрелец на два гола беше Золер.
Штутгарт без нашиот Дарко Чурлинов, кој веќе е нов член на Барнли, како гостин во последните секунди прими гол за 2:2, па така не успеа да победи. Головите за „швабите“ беа дело на Ендо и Силас, додека за домашните погодија Фулкруг и Бурк.
It only took Timo Werner 36 minutes to score on his RB Leipzig return! ⚽ pic.twitter.com/PoSpkqiHJm
— ESPN FC (@ESPNFC) August 13, 2022