Енис Барди од Леванте се пресели во редовите на Трабзонспорт. Откако македонскиот репрезентативец беше и официјално промовиран како ново засилување во турскиот тим, тамошните медиуми излегоа со интересни детали.
Еден од нив е дека Вејн Руни, поранешниот англиски репрезентативец се обидувал да го убеди Барди да дојде да игра во Ди-Си Јунајтед во МЛС-лигата. Барди и Руни разговарале повеќе пати, но македонскиот репрезентативец бил цврст решен да игра во Лигата на шампиони, едноставно ја одбил неговата понуда.
Барди потпиша тригодишен договор и наскоро ќе дебитира на Транзонспорт.