Манчестер Сити добро ја почна новата сезона во Премиер лигата, новото мега засилување Ерлинг Халанд постигна два гола со што го привлече вниманието на новинарите кои се распрашуваат за него.
Во последното интервју, менаџерот на Сити Пеп Гвардиола беше прашан за психолошката состојба на играчот и дали може да се носи со предизвикот, а тој даде интересен одговор.
„Не знам. Не живеам со Халанд, ниту спијам со него, па не можам да кажам како тој се носи со притисокот. Од она што го гледам на тренинзите, тој е смирен и воопшто не е возбуден за претстојните натпревари.
Знам дека кога тој нема да постигне гол, тогаш многу луѓе почнуваат да се сомневаат во него. Во тој момент им изгледа дека е крај на светот и дека се е отидено поѓаволите.
Најважно од се, во ваквите ситуации е да се остане мирен и да се најде баланс. Го охрабрувам да биде подобар голгетер од меч на меч. Кога ќе го свати овој начин на работа тогаш има шанси да стане најдобар голгетер на сите времиња“, вели Гвардиола.