Грција нов предизвик за Македонија на ЕП (ЛИНК)

1132

Македонската кошаркарска репрезентација со победа го отвори Европското првенство У16 кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ на стартот ја совладаа селекцијата ма Црна Гора, меч во кој водеа со 17 поени разлика, па на крајот го решија по голема драма. Кошаркарите во клучните моменти покажаа храброст и одлучност, се бореа за секоја топка, па победата е повеќе од заслужена.

Пред нашите момци денеска стои нов предизвик. Грција е вториот противник во групната фаза. Станува збор за тим кој вчера и одржа лекција на Шпанија, и тоа убедлива. Сепак овој факт не треба да ги плаши „црвено-жолтите“, напротив треба да биде голем мотив.

Дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот во СЦ „Кале“, нашите момци и на оваа средба ќе имаат голема поддршка од трибините.

ПретходноДерби на Чаир: Шампионот против “лавовите“ ја почнува одбраната на титулата!
СледноТргнува и Серија А: Милан, Интер и Јувентус во нова војна за титула, Наполи чека од сенка