Секако дека Дејан Манасков е најквалитетното засилување за РК Вардар ова лето. Тој по неколку се сезони се врати во таборот на некогашниот двоен европски првак и ќе се обиде со своето знаење, квалитет и искуство да му помогне на тимот во претстојната сезона.
За тоа како се снајде во текот на подготовките, како тие минуваат, се разбира за турнирот во Струга и за друго, тој имаше свој коментар во интервјуто за социјалните мрежи на Вардар.
„Се е како што треба, тука сум веќе неколку денови, тренирам, се вклопив во екипата. Доста од играчите се тука ги знам од порано, па искрено и не ми беше тешко да се аклиматизирам. Се подготвуваме за новата сезона, а веќе следната недела не очекува турнирот во Струга. Тоа за Вардар ќе биде добра `генералка`. По неколку години пауза ќе бидам дел од тој турнир“ вели Манасков.
Инаку и тој е свесен дека првата задача Вардар ќе ја има веќе овој месец, и тоа против Нексе во 1/4 финалето од СЕХА лигата против Нексе.
„И овие подготовки, и турнирот во Струга ќе ги искористиме максимално подготвени да влеземе на тој меч со Нексе кој се игра на 23 август. Полека ќе ја креваме формата, не криеме дека сакаме да победиме и да се пласираме на Ф4 во СЕХА“ посочи левото крило на Вардар и нашата репрезентација.