Кадетите во Рига „бркаат“ финале на ЕХФ Шампионатот (ЛИНК)

285

Македонската машка кадетска репрезентација по ден одмор денеска игра меч за место во финалето на ЕХФ Шампионатот во Рига. „Црвено-жолтите“ во полуфиналето кое е закажано во 15 часот ќе ги одмерат силите со Луксембург.

Избраниците на селекторот, Раде Стојановиќ групната фаза ја заврши со три убедливи победи (Турција, Косово и Летонија) и како првопласирани се најдоа на чекор до финалето. На другата страна Луксембург во полуфиналето се пласира од второто место во својата група, па токму овој биланс ја прави Македонија фаворит во оваа пресметка.

Целта на кадетската репрезентација на овој Шампионат е да го освои првото место, кое носи виза на Светското првенство У-19 идното лето и Европското У-20 за две години.

Мечот меѓу Македонија и Луксембург можете да го гледате на следниот ЛИНК. 

ПретходноШкендија во преговори со Егзон Белица!
СледноДерби на Чаир: Шампионот против “лавовите“ ја почнува одбраната на титулата!