Кадетите продолжија да „газат“, заверија финале во Рига!

632

Македонската кадетска ракометна репрезентација обезбеди место во финалето на ЕХФ шампионатот кој се игра во Рига. Нашите момци ја запишаа четвртата победа во низа, го совладаа тимот на Луксембург со убедливи 22-32 во полуфиналето на шампионатот.

Славчо Шулески беше прогласен за играч на мечот од таборот на „црвено-жолтите“, мечот го заврши 10 гола, зад него беше Петковски со седум погодоци.

И на оваа средба доминираше само една репрезентација, а тоа е Македонија. По 12 минути игра, нашите кадети водеа со 1-6. Противникот вториот гол го постигна во 13 минута што доволно говори за неговата немоќ. На средината на првото полуреме беше 1-8, додека на одморот позитивата изнесуваше плус шест (9-15).

Во вториот дел двата тима влегоа со играч  помалку. Луксембург во 37 минута успеа да намали на 14-19, но тука и застана, со добра одбрана, Македонија набрзина зголеми на 14-22 во 40 минута. Тука заврши надежта на противникот дека може многу повеќе. На осум минути до крајот, Македонија имаше двоцифрени 20-30.

Противник на нашите момци во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Швајцарија и Летонија, кој се игра во 17 часот.

ПретходноПотпиша договор вреден 340 милиони долари па падна на допинг тест
СледноТрансферот е готов: Чурлинов во Барнли до 2026!