Горан Кузманоски ја почна својата нова мисија во тренерската кариера. Поранешниот македонски репрезентативец од Прилеп се пресели на клупата на Скопје. Во рамките на подготовките за новата сезона во Супер-лигата, Кузманоски и неговите момци ќе имаат меѓународен тест, ќе гостуваат во Романија кај тимот на Одорхеи. Станува збор за клуб каде Кузманоски ги мина најубавите денови во својата играчка кариера, каде клубот и целиот град не ги забораваат неговите дела.
„Имињата на два клуба се во моето срце: Едното е Прилеп, градот во кој сум роден и израснав, а второто е Одорхеи каде ги минав најдобрите години за мене како играч. Имам убави спомени од градот и многу сум возбуден што пак се враќам сега како тренер. Навивачите и луѓето од овој клуб заслужуваат да се највисоко на ракометната мапа во Романија. Чест е да сме тука со Скопје како подготовка за новата сезона“, изјави Кузманоски.
Скопје ќе игра во групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт и Јуниор Кисела Вода.