Српскиот интернационалец Филип Костиќ го напушти Ајнтрахт Франкфурт и се пресели во Јувентус, а во спротивен правец отиде левиот бек Лука Пелегрини. Италијанецот кој има еден настап за националниот тим оди во Ајнтрахт како позајмен фудбалер на една сезона и ќе треба да ја засили одбраната на германскиот клуб која прими шест голови од Баерн во првото коло на Бундес лигата и уште два од Реал Мадрид во Суперкупот.
Пелегрини е дете на Рома, а во 2019 година беше разменет за Спинацола во 2019 година. Но веднаш беше испратен во Каљари, минатата сезона играше како позајмен во Џенова.