Мбапе: Ако Бензема сега не ја освои „Златната топка“…

288

„Франс фудбал“ вчера го објави списокот на фудбалери номинирани за „Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во светот на овој спорт. Голем фаворит за освојување на таа награда е напаѓачот на Реал, Карим Бензема.

Коефициентот дека Бензема ќе ја добие наградата е околу 1,05, а потоа следат Килијан Мбапе од ПСЖ (коефициент 15) и триото кое го носеше Ливерпул минатата сезона – Мохамед Салах, Ван Дијк и Садио Мане (коефициент 25).

“Реал е вистинска машина за Златната топка, тоа мора да го признаеме. Сепак, на крајот се одлучува теренот. Убеден сум дека еден ден ќе ја освојам Златната топка во дресот на ПСЖ “, изјави Мбапе, според кого тој, Бензема и Мане, се најсериозни кандидат за оваа награда. 

Французинот порача дека Карим мора да го освои признанието.

„Карим има 34 години, ја одигра сезоната на кариерата, освои уште една Лига на шампиони, реши толку многу важни натпревари. Да сум местото на Карим и да не ја освојам наградата сега, ќе престанам да размислувам за Златната топка – засекогаш“.

ПретходноКузманоски со Скопје се враќа на местото каде ги мина најубавите денови во играчката кариера!
СледноШкендија во преговори со Егзон Белица!