Милан го задржа столбот на одбраната

61

Шампионот на Италија, екипата на Милан го потврди потписот на нов договор со Фикајо Томори. Стопер беше главен на одбраната на тимот во освојувањето на скудетото минатата сезона па поради тоа, повеќе од заслужено беше продолжувањето на соработката до 2027 година.

Томори ќе добие повисока плата. Досега заработуваше два милиони по сезона, а сега доби покачување и според информациите ќе добива 3,5 плус одредени бонуси.

ПретходноТргнува и Серија А: Милан, Интер и Јувентус во нова војна за титула, Наполи чека од сенка
СледноТен Хаг: Можам да го вратам Манчестер Јунајтед на врвот