Од очај во очај: Манчестер Ј. понижен заминува и од Брентфорд (ВИДЕО)

239

Уште едно понижувачко фудбалско попладне за навивачите на Манчестер Ј. „црвените ѓаволи“ на Ерик Тен Хаг доживеаја вистински дебакл и во 2. коло од новата премиерлигашка сезона, откако на гостувањето кај Брентфорд беа поразени со убедливи 4:0.

Домашните за 35 минути ја наполнија мрежата на гостите, кои одиграа прво полувреме за заборав. „Пчелите“ со головите на Дасилва (10’), Јенсен (18’), Ми (30’) и Мбуемо (35’) станаа само третиот тим во историјата кој успеал да му даде четири гола на Манчестер Ј. во едно полувреме, откако тоа досега го имаат направено само уште Ливерпул и Тотенхем.

Гостите не успеаја да го ублажат поразот во вториот дел, иако Тен Хаг се обиде со неколку замени да ги врати своите фудбалери во живот. Играта на „црвените ѓаволи“, како и односот на фудбалерите на терените ни оддалеку не потсетуваат на тим кој може за брзо време да се врати во врвот на наглискиот фудбал. Брентфорд, пак, уште еднаш потврди дека е тим кој ќе им прави големи проблеми и на најдобрите во лигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноРоманецот Поповичи го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно!
СледноСерија А: Шампионот тргна триумфално, Аталанта славеше во Џенова (ВИДЕО)