Фернандо Татис јуниор е бејзбол играч кој минатата година потпиша 14-годишен договор со Сан Диего Падрес вреден 340 милиони долари но поради негова глупост ќе го загуби затоа што доби суспензија поради допинг. Татис е суспендиран на 80 натпревари поради тоа што е позитвен на стероидот клостебол.
Тоа значи дека ќе ја пропушти цела оваа сезона и плус уште 32 натпревари од наредната.
„Моја грешка. Место да се консултирам со мојот лекарски тим употребив медикамент без прашање кој ја содржи забранетата супстанција. Изненаден сум и разочаран. Сум правел многу допинг тестови и сите биле негативни. Можам да се жалам на одлуката, но сваќам дека е моја грешка и поради тоа ќе си ја одлежам суспензијата. Се враќам на терените идната година“, изјави играчот.