Македонската кадетска репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Скопје. По триумфот над Црна Гора, избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ одиграа катастрофален меч против Грција, беа совладани со убедливи 48-78.
Ниту еден кошаркар не успеа да ја мине границата од десет поени, статистички бевме лоши во реализација на слободни фрлања, имавме 14/27, но и дури 30 загубени топки.
Лошата игра во првата четвртина во која Македонија постигна осум поени беше пресудна за крајниот исход. Грција овој период го доби со 8-25. Во продолжение противникот за брзо време дојде на плус 26 (16-42). На одморот беше 22-42.
Третата четвртина беше тешка за гледање, двете репрезентација одиграа лошо, до средината паднаа мал број на поени, овој период сепак и припадна на Грција со 12-17. Последниот период беше чиста формалност, противникот не дозволи изненадување.
Шанса за победа, кадетите ќе имаа веќе утре против Шпанија, дуелот е закажан со почеток во 18:45 часот, исто во СЦ „Кале“.