Францускиот шампион Пари Сен Жермен ја продолжува потрагата по играчи, а на списокот на потенцијални засилувања се најде крилото на Милан Рафаел Леао. Според „РМЦ Спорт“ спортскиот директор на парискиот клуб Луис Кампос работи на трансферот, тоа е човекот кој го однесе Леао од Спортинг во Лил во 2018 година.
Сепак, ПСЖ ќе мора добро да плати за него (се споменуваат 70 милиони евра), па затоа му нуди на Милан поинаква опција пари плус дефанзивецот Абду Диало. Леао постигна 11 голови и имаше 8 асистенции минатата сезона во Серија А.