Словенците без Дончиќ ја „преслушаа“ и Украина

201

Кошаркарите на Словенија триумфираа над Украина на пријателскиот турнир во Истанбул со 86:82 во меч во кој не настапи првата „виолина“ кај словенечкиот тим, Лука Дончиќ.

Дончиќ доби ден за одмор и беше на клупата само за да го следи мечот. Тој ќе биде во составот за тест-дуелот против Србија кој е закажан за 17 август во Љубљана.

Словенците имаа предност во поголемиот дел од натпреварот, но Украинците се вратија на три минути пред крајот и дури во еден момент поведоа.

Најдобар играч на натпреварот беше Санон со 18 поени, додека кај Словенија Блажиќ, Зоран Драгиќ и Алексеј Николиќ постигнаа по 13 поени.

ПретходноСедуммина се извинуваа, Де Хеа ја презеде вината, а почнаа и обложувања за отказ на Тен Хаг
Следно„Голчиште“ на Атанасов за водство на Хајдук на „Максимир“ (ВИДЕО)