По поразот во 1. коло од Брајтон на „Олд Трафорд“, менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг го најави дуелот против Брентфорд и испрати важна порака до навивачите. По слабиот настап во првото коло, навивачите не се оптимисти, но Тен Хаг е оптимист во тоа дека ќе го врати клубот на старите патеки.
„Од навивачите барам да бидат трпеливи, Се надевам дека ќе бидат, а знам дека сакаат да гледаат победнички тим. Затоа сум јас овде. За тој процес е потребно време. А од друга страна во фудбалот често го немате и тоа е предизвик. Пред десет години го освоивме првенството, но да се врати успехот потребно е многу време, многу работа, добра стратегија и вистински луѓе. Тоа е она на што работиме од ден во ден. Убеден сум дека ќе успееме и ќе ги вратиме славните денови на Јунајтед“, заклучи холандскиот тренер.