Нема веќе дилеми. Дарко Чурлинов е нов член на Барнли, тим од Чемпионшип дивизијата во Англија. Тој попладнево не беше во составот на Штутгарт на мечот со Вердер, а се очекува денеска или утре трансферот и да биде официјализиран.
Македонецот ќе потпише договор на четири години а Англичаните се обврзаа на “швабите“ да им платат 5 милиони евра отштета.
Да потсетиме дека на барање на Винсент Компани, тренерот на Барнли, Чурлинов се пресели на Островот.