Дојде и тој ден, почетокот на едно од најромантичните првенство во Европа – Серија А. Можеби по квалитет е опаднато во последните години, но се уште е омилено меѓу фудбалските љубители ширум светот.
Минатата сезона Милан направи изненадување со тоа што по 11 години го освои „Скудетото“ во тесна битка со градскиот ривал Интер поради што е најава за ново интересно првенство и војна меѓу двата ривали. Токму Милан и Интер се главни фаворити за „Скудетото“ и оваа сезона, но во трката не смееме да ги изоставиме Јувентус и Наполи.
Од Милан се убедени дека имаат сила и втора сезона по ред да го освојат шампионатот, засега во составот има двајца нови играчи Дивок Ориги и халфот Шарл де Кетеларе, но до крајот на преодниот рок сигурно ќе има уште некој нов играч.
Клубот го напуштија Плицари, Франк Кеси, Ромањоли, Кастиљехо, Лео Дуарте…
Ќе видиме колку може Интер. Лани ја испуштија можноста да ја одбранат титулата, па сега со оптимизам влегуваат во новата сезона. Тимот на Инзаги е засилен со Онана, Мхитарјан, Аслани и Ромелу Лукаку кој се врати по неуспешната авантура во Челзи.
А Јувентус не попушта. По слабата мината сезона сега ќе притиснат за врвот. И тие осетно се засилија, го вратија Пол Погба, потоа го купија централниот бек Бремер од Торино, па го Федерико Киеза од Фиорентина, потоа Филип Костиќ, го потпишаа и Анхел ди Марија. Но резултатите од предсезонската турнеја не даваат надеж, сепак, кога ќе почне првенството тоа ќе биде друга приказна.
Наполи со Елиф Елмас, и неколку нови играчи ќе се обиде да ги изненади фаворитите. Тимот од „Диего Марадона“ стадионот донесоа неколку фудбалери кои не се од светска класа, она што им требаше за да ги пополнат празнините. Бекот Мин-Џе Ким, потоа играчот за врска Ангуиса, левиот бек Матијас Оливеира, левото крило Кваратшкелија, резервниот голман Салваторе Сиригу. Можеби ќе го донесе и Џовани Симеоне.
Заминаа корпулетниот централен бек Калиду Кулибали, Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс, Фаузи Гулам и уште неколку млади играчи кои не беа во прв план.
Шоуто почнува денеска од 18:30 часот со дуелот Милан-Удинезе на „Сан Сиро“.
СЕРИЈА А, 1 КОЛО
САБОТА
МИЛАН -УДИНЕЗЕ 18:30 ч.
САМПДОРИЈА – АТАЛАНТА 18:30 ч.
ЛЕЧЕ – ИНТЕР 20:45 ч.
МОНЦА – ТОРИНО 20:45 ч.
НЕДЕЛА
ФИОРЕНТИНА – КРЕМОНЕЗЕ 18:30 ч.
ЛАЦИО – БОЛОЊА 18:30 ч.
САЛЕРНИТАНА – РОМА 20:45 ч.
СПЕЦИЈА – ЕМПОЛИ 20:45 ч.
ПОНЕДЕЛНИК
ВЕРОНА – НАПОЛИ 18:30 ч.
ЈУВЕНТУС – САСУОЛО 20:45 ч.