Голем удар за Шкендија и нејзините шампионски амбиции оваа сезона. Ужасни вести за сите во таборот на најбогатиот клуб во Македонија. А тие се дека цела есен Шкендија ќе мора да игра надвор од својата „Еколог Арена“. Ако се знае дека на првите два меча ќе игра како домаќин во Струга, поради суспензија, сега работите се менуваат, а тоа е дека Шкендија ќе мора да бара друг стадион за цела есен.
И се поради теренот на Градскиот стадион под Шара или „Еколог Арена“. Познато е дека пред 3-4 години овој терен беше еден од најдобрите, ако не и најдобар, во Македонија. Но се виде многу бргу дека тие што го одржуваат не ја работеле својата работа како што треба. Посебно забележливо беше тоа минатата сезона кога играчите се жалеа дека токму поради теренот ја загубиле битката за титулата. Можеби е така зошто теренот беше ужас и кој дојдеше во Тетово си земаше бодови, барем така народски се вели.
По завршување на минатата сезона Шкендија како клуб одлучи да го реновира теренот, односно да постави нов. Но тој што требало таа работа да ја заврши не ја завршил како што треба. Па сега се одново треба да се одработи. Нашите информации велат дека теренот е ископан и дека барем до ноември – декември тој нема да биде во употреба.
Тоа значи дека Шкендија самата си ги намали своите шанси во битката за титулата оваа сезона.