Како што неофицијално дознаваме, искусниот дефанзивец Егзон Белица (31) би можел да биде засилување во одбраната на Шкендија. Имаше најави за вакво нешто уште пред две-три недели, но тогаш стружанецот беше под договор со Партизани Тирана, но сега откако тој “раскина“ со клубот од Албанија и е слободен играч, нема проблеми да дојде до договор.
Секако дека Белица и тоа како добро ќе му дојде на стратегот Артим Шаќири како освежување во одбраната на тимот.Сезоната е долга и напорна, и факт е дека на Шкендија и се потребни најмалку три засилувања, едно во дефанзивата и две во средниот ред за да има навистина екипа која без проблем ќе се впушти во битка за титулата во конкуренција со Шкупи. А и Белица и Шаќири се стружани.
Инаку Белица веќе играше во Шкендија во сезоната 2013/2014, играше и во Работнички, Охрид, а дел од својата кариераја мина во Финска,Летонија, Романија, секако и Албанија.