Ќе беше ТАПА да не беше ТРАПАН!

925

Шкупи денеска во дербито успеа да го победи составот на Македонија ЃП со 2:1. Се чини дека едвај, на мускули што се вели, посебно ако се знае дека шампионот во првиот дел не беше на своето ниво.

И кога влезе одличното крило Кристијан Трапановски работите си дојдоа на своето место. Џокерот ги разби “лавовите“ со неколку акции, а потоа и со гол, и потоа на тимот од Чаир му беше многу полесно.

Тој секогаш на неправдите враќа со одлични партии и голови кога е тешко и кога на Шкупи му оди лошо.

Лани беше во сенка, но и сега е, иако во преден план летово се скапи но просечни играчи кои го “засилија“ Шкупи.

Трапан денеска е херој, а утре му е роденден. Интересно, тој во петокот барал документи да си оди.

Уште поинтересно, и Брдаровски, популарниот Брда беше на мета, но тој денеска врати со супер асистенција за втор гол.

Покрај овој натпревар не можеме а да не се навратиме на онаа златна шанса што ја имаше Шкупи против Шамрок Роверс.

Каква шанса беше тоа за пласман во плеј – офот во Лигата на Европа.

Се разбира и за историја на клубот. Јасно е дека Шамрок е добар тим, но далеку од тоа дека е толку поквалитетен за да оди натаму и тоа убедливо да го победи Шкупи со така убедлив севкупен резултат од 2:5.

Два тешки порази, но за тоа се виновни експериментите што се правеа па затоа и тие севкупни 2:5.

Сега на ред е двомечот со Балкани, но за групи во едно третолигашко натпреварување на Европа.

ПретходноСерија А: Шампионот тргна триумфално, Аталанта славеше во Џенова (ВИДЕО)
СледноПријателски: Арсими го „торпедираше“ Тетекс, Вардар повторно одигра меч без голови