Екипата на Астон Вила ја забележа првата победа во новата сезона откако со 2:1 го совлада Евертон во 2. коло. Мечот тргна со гол на Гордон кој беше поништен поради офсајд, но во 31. минута Дани Ингс ја доведе Астон Вила во предност.
Во 86 минута Буендија зголеми на 2:0, а седум минути подоцна Дињ со автогол ги постави конечните 2:1.
Евертон го доживеа вториот пораз.
Денеска играат: Арсенал-Лестер, Брајтон-Њукасл, Ман.Сити-Борнмут, Саутемптон-Лидс, Вулверхемптон-Фулам, Брентфорд – Ман.Јунајтед, а во недела Нотингем-Вест Хем и Челзи-Тотенхем.
Во понеделник е мечот меѓу Ливерпул и Кристал Палас.