Интер во последните секунди до победа на гостувањето кај Лече (ВИДЕО)

226

Италијанскиот вицешампион Интер со гол во последните секунди од судиското продолжение на мечот против Лече успеа среќно да дојде до првата сезонска победа на отворањето на новата сезона во Серија А лигата.

Новајлијата во италијанската елита успеа да се избори за егал меч до самиот крај, иако гостите многу рано, по само две минути игра со голот на Лукаку остварија предност од 1:0.

Лече беше упорен и градеше игра, која даде резултат во 48. минута, кога Гамбиецот Кесеј погоди во мрежата на „нероаѕурите“ и израмни на 1:1.

Интер притискаше до крајот на мечот, а среќата ги посака во 94. минута кога Дамфрис успеа да се снајде најдобро пред гостинскиот гол и да погоди за конечни 1:2.

Во вториот меч вечерва Монца на домашен терен беше поразена во премиерата во Серија А од Торино со 2:1.

ПретходноПСЖ сака фудбалер на Милан, нуди и размена
СледноАтанасов и Адеми постигнаа по еден гол на големото хрватско дерби, бодовите за Динамо (З) (ВИДЕО)