Потпиша договор вреден 340 милиони долари па падна на допинг тест

245

Фернандо Татис јуниор е бејзбол играч кој минатата година потпиша 14-годишен договор со Сан Диего Падрес вреден 340 милиони долари но поради негова глупост ќе го загуби затоа што доби суспензија поради допинг. Татис е суспендиран на 80 натпревари поради тоа што е позитвен на стероидот клостебол.

Тоа значи дека ќе ја пропушти цела оваа сезона и плус уште 32 натпревари од наредната.

Моја грешка. Место да се консултирам со мојот лекарски тим употребив медикамент без прашање кој ја содржи забранетата супстанција. Изненаден сум и разочаран. Сум правел многу допинг тестови и сите биле негативни. Можам да се жалам на одлуката, но сваќам дека е моја грешка и поради тоа ќе си ја одлежам суспензијата. Се враќам на терените идната година“, изјави играчот.

ПретходноАстон Вила со прва победа, Евертон го впиша вториот пораз (видео)
СледноКадетите продолжија да „газат“, заверија финале во Рига!