Шкупи со 2:1 го доби скопското дерби, па и дербито на 2.коло во ПМФЛ. Ова и за двата тима беше прв меч со оглед на тоа дека минатиот викенд не настапија.
Инаку Шкупи заслужено победи, имаше повеќе од играта, посебно во вториот дел, шанси за поубедлив триумф па и по тие 2:1 кога во судискотото продолжение мораше и требаше да биде барем 3:1.
Сепак три бода си се три бода, а интересно е тоа што ова беше јубилеен 50-ти меч за Гоце Седлоски како тренер на Шкупи. Воедно ова беше и „Суперкуп“ ако се знае дека победникот во минатата сезона ја освои титулата во првенството а поразениот пак пред два месеци славеше во Купот на Македонија.