Веспрем избори место на Ф4 во СЕХА

138

Веспрем е првиот тим што се пласира на фајнал фор турнирот од СЕХА-лигата откако унгарскиот гигант рутински славеше на гостувањето против Татран Прешов со 25-35. Според пропозициите во четвртфиналето се игра само еден меч, така што Веспрем со оваа победа стигна до билет за завршниот турнир што следниот месец ќе се одржи во Задар.
Македонските екипи своите натпревари ќе ги одиграат за десеттина дена. Прво тргнува Вардар кој на 23 август ќе го пречека Нексе, а два дена подоцна Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Мешков Брест.

ПретходноМилак го освои европското злато на 100 метри пеперутка
Следно„Кралевите“ со пресврт ја победија Алмерија, прекрасен гол на Алаба (видео)