Војдан и во следните две сезони во дресот на МЗТ Скопје А.

167

МЗТ Скопје Аеродром денеска и официјално потврди дека Војдан Стојановски (34 год, 194 см) го продолжи договорот и во следните две сезони ќе остане член на македонскиот кошаркарски шампион.

Војдан имаше повеќе сериозни понуди надвор од странство, пред сѐ од Франција, но кај него победи желбата да се биде предводник на МЗТ Скопје во новата сезона и во АБА лигата.

Тој е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

ПретходноНикој не го сака Роналдо: Интер и Милан категорично ја одбиле понудата за трансфер на ЦР7
СледноЈуниорките го освоија 7. место на БП во Романија