Плеј-оф во ЛК: Исланѓанецот Кристјансон ќе му суди на Шкупи против Балкани!

104

Во четврток (18 август) на Националната Арена “Тодор Проески“ со почеток од 21 часот ќе го игра својот прв меч од плеј-офот во Лигата на Конференции против косовскиот Балкани. Ова ќе биде двомеч, реваншот се игра на 15 август во Косово, кој ќе решава која од овие две екипи ќе има европска есен, односно која ќе игра во групната фаза во Лигата на Конференции, третото по ранг европско натпреварување.

За мечот во Скопје познати се судиите. Имено правдата ќе ја делат Исланѓани, а главен ќе биде Ивар Ори Кристјансон, анонимец кој досега немал судено на значајни европски натпревари, но важи за еден од подобрите во својата земја.

Негови помошници ќе бидат Биркир Сигурдарсон и Јохан Гудмундсон, додека четври судија ќе биде Торвалдур Арнасон.

Претходно„Женскиот тим на Барса може да го победи Јунајтед, па дури сите фудбалерки да се трудни“!
СледноПрва победа на Нотингем по враќањето во Премиерлигата! (ВИДЕО)