Конечно, ете, и Прилеп дочека.Имено денеска во најфудбалскиот град во Македонија по пауза од цели 12 години ќе има прволигашки фудбал на стадионот “Гоце Делчев“. Да, Победа пред неколку сезони играше во ПМФЛ, но тогаш мечевите се играа на Могила и низ цела Македонија.
Токму затоа денеска е празник во Прилеп, фудбалски празник.Се очекуваат најмалку 5.000 гледачи на трибините на стадионот под “Маркови Кули“, стадион кој досега има славено две шампионски титули во самостојна Македонија. Сепак,сега се некои други времиња.
Победа против Тиквеш, против својот голем ривал, но и голем спортски пријател. Секогаш дуелите меѓу овие две екипи биле супер интересни, и ете, судбината сакаше токму денеска Победа и Тиквеш да ги одмерат силите во еден прволигашки натпревар.
Тоа ќе биде и тренерски дуел меѓу Бобан Бабунски и Влатко Костов, две наши големи и познати фудбалски имиња.
Па, нека биде празник на радост на сите прилепчани, но и фанови на Тиквеш кои ќе дојдат од Кавадарци да го бодрат својот тим.
Ете, тоа е фудбалот.
Само да кажеме дека натпреварот започнува од 17 часот а билетите ќе чинат по100 денари.