Столе е МВП на дуелот на „Камп Ноу“: Задоволство е кога тим како Барса нема да ви даде гол!

580

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски и на стартот на новата сезона се покажа како вистински ѕид за каталонскиот тим. Неговиот Рајо Ваљекано од „Камп ноу“ си оди со бод благодарение на македонскиот голман, кој е прогласен за МВП на овој дуел. Димитриевски имаше осум одбрани против каталонскиот тим.

„Задоволство е кога тим како Барселона нема да постигне гол против вас на два меча на ‘Камп Ноу’. Но, ова не е изненадување, бидејќи ние веќе ги победивме минатата година и секако посакувавме да го повториме тој резултат. Знаевме дека ќе доминираат, бевме одлични во одбраната, но и ние имавме некои свои шанси за да дојдеме и до комплетниот плен“, изјави по мечот македонскиот репрезентативен голман.

ПретходноМагичниот Столе не ѝ дозволи на Барса да ја отвори Ла Лига со победа
СледноЧави Хернандез е статистички најслабиот тренер на Барселона во изминатите 20 години