Академија Пандев ги претстави Цикарски и Најденов

227

Академија Пандев денеска и официјално ги потврди новите засилувања, Мите Цикарски и Бојан Најденов. Како што објави СПОРТМЕДИА, тие ќе бидат уште две нови имиња во составот на струмичани во обид да се засили ростерот за сезоната која штотуку започна.

29-годишниот лев бек Цикарски во редовите на Академија Пандев доаѓа како слободен фудбалер, додека 30-годишниот Најденов доаѓа како искусно име во средниот ред, кој минатата полусезона ја помина во Црна Гора како фудбалер на ФК Искра.

ПретходноВардар се пофали со уште четири нови засилувања
СледноЧави нервозен по ремито, побарал итно да се купи нов десен бек!