Македонската ракометна кадетска репрезентација го освои ЕХФ шампионатот кој се одржуваше во Рига, Летонија. Без пораз со убедливи победи и една драма, нашите момци стигнаа до пехарот, но и ги отворија портите за Европското првенство 2024 година и Мундијалот следната година.
Македонија доминираше во Рига, па не е чудо што во Ол-стар тимот на првенството има тројца ракометари, а додека МВП титулата исто отиде во нашиот табор. Томислав Димковски се закити со признанието најкорисен играч на шампионатот, додека пак Давид Брестовац, Александар Петковски и Михаел Тотиќ се најдоа во Дрим тимот.