Вардар се пофали со уште четири нови засилувања

494

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, денеска претстави  уште четворица нови играчи за наредната сезона. „Црвено-црниот“ дрес ќе го облечат Јорго Папули, 21 годишен играч од одбраната кој што дојде од романска Стеауа, Боби Целески, 25 годишен голман кој што дојде од екипата на Скопје, како и Христијан Вецески, 23 годишен играч од одбраната и средниот ред кој што дојде од екипата на Пелистер и Матеј Николов, 21 годишен играч на позицијата лев бек кој доаѓа како слободен играч.

Сите играчи потпишаа едногодишен договор со Вардар и се очекува да бидат големи засилувања во новата сезона во која скопската гордост ќе се обиде да се врати во елитата.

ПретходноЈуниорките го освоија 7. место на БП во Романија
СледноАкадемија Пандев ги претстави Цикарски и Најденов