Кадетската ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра на најважниот натпревар на ЕХФ шампионатот во Рига. Избраниците на селекторот, Раде Стојановиќ во финалето ќе ги одмерат силите со Швајцарија, дуелот е закажан со почеток во 16 часот.
Победникот од оваа пресметка ќе обезбеди место на Европското првенство 2024 година и на Светското првенство кое ќе се игра следната година.
Нашите момци покажаа дека имаат квалитет, со серија од четири победи стигнаа до последната битка на овој шампионат. Убедливо ги совладаа Турција, Косово, Летонија и Луксембург. И противникот до сега е перфектен, за разлика од Македонија одигра три меча и стигна до финалето, беше подобар од Белгија, Луксембург и Летонија.
Натпреварот во Рига, можете да го следите на следниот ЛИНК.